Советот на Општина Охрид на седницата одржана вчера ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година, со што се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, информираат од Општина Охрид.

Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на Општина Охрид, додаваат во соопштението.

Јавниот увид, велат, трае 10 дена почнувајќи од 28.11.2022 год. Повеќе детали на линкот.

 OhridNews