Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за детален урбанистички план за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од УБ 8.1 – опфат 1, КО Охрид 2, кој се однесува на просторот во близина на Основното музичко училиште „Методи Патче“.
Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 23.11.2020 год. до 23.12.2020 год. и web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 11.12.2020год.во големата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот. Со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19. – информира локалната самоуправа.

OhridNews











