
Станува збор за градските линии кои по само десет дена откако почнаа да функционираат во месец март минатата година, поради одредени проблеми, беа запрени.
Автобусите од линијата број еден ја опфаќаат следната маршута: од Меѓуградска автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка, улица Јане Сандански, Марко Цепенков, основно училиште Христо Узунов, АД „Галеб“, булевар Железничка.
Линијата број два: Меѓуградска автобуска станица, улица 7- ми ноември, булевар Туристичка до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ, Општа болница, населба Гоце Делчев, ОУ „Христо Узунов“, АД Галеб, 7- ми ноември.
Како што потенцира раководителот на секторот за патнички сообраќај при АД „Галеб“, Димитар Василески, двете градски линии и претходно, а и сега не се профитабилни, но целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во периферните делови од градот.

Двете градски линии се очекува да започнат да функционираат по еден месец, откако ќе завршат административните процедури околу земањето на дозволите и обележувањето на автобуските постојки.
Дозволите за двете градски линии се за период од пет години.
Т.К.











