Стотина млади Германци од средината на август ќе тргнат на пат од градот Вирцбург во северниот дел на Баварија, а нивната последна дестинација е Охрид, пишува „Дневник“.

Станува збор за натпревар во автостопирање кој се одржува по седми пат. Тие ќе тргнат од германскиот град на 16 август, а последниот термин за да стигнат во Охрид е на 30 август.

Целта на овие млади луѓе е да ја шират културата на автостопирање и да ја подигнат свеста и да соберат пари за проекти за чиста вода за пиење.

OhridNews

извор: „Дневник“