Фудбалерот Еден Азард се најде на удар од навивачите на Реал Мадрид, откако Белгиецот покажа рамнодушност после елиминацијата во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. Челси со вкупен резултат 3-1 го совлада Реал Мадрид, а Азард по завршување на мечот се смееше со фудбалерите од Челси, што многу ги изреволтира навивачите на шпанскиот клуб.

Азард одлучи на социјалните мрежи да се обрати да им се извини на армијата навивачи на Реал Мадрид.

Не ми беше намерата да ги навредам и налутам навивачите на Реал Мадрид. Мојот сон од секогаш бил да играм за Реал Мадрид, а моментално сонот го живеам. Во Мадрид дојдов да победувам. Имаме уште да играме во националното првенство и сигурен сум дека до крај ќе се бориме за титулата, – напиша Азард.

Белгиецот со ништо не ги оправда вложените средства пред две лета. За потсетување, Азард во Мадрид се пресели токму од Челси, во трансфер вреден 120 милиони евра.

OhridNews

 

ЛШ: „Кралевите“ отпаднаа, Азард се смееше со играчите на Челси (видео)