На Ли и Викторија Азаренка ќе играат во женското финале на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Кинеската, На Ли, преку Марија Шарапова, избори пласман во своето второ
финале во Мелбурн, пред две години, во завршниот меч таа загуби од Ким
Клајстерс. Ли за 94 минути игра ја победи Шарапова со 6:2, 6.2.

Кинеската тенисерка, во текот на целиот меч го диктираше ритамот, играше
агресивно, не дозволувајќи и на Шарапова да ја преземе иницијативата во
поените.

Ли имаше 21 директен поен и 18 неизнудени грешки, додека Шарапова која
до полуфиналето стигна со супериорни игри, имаше 17 директни поени и 32
неизнудени грешки, таа на втор сервис освои само шест од 24 поени.

Противничка на Ли во финалето ќе биде првата носителка Викторија
Азаренка, која ја победи американската тинејџерка Слоан Стивенс.

Бранителката на титулата, во нервозен меч со многу грешки од двете
страни, ја победи 19-годишната Стивенс со 6:1, 6:4. Мечот се одигра по
исклучително тешки временски услови на температура од 40 степени
Целзиусови.

Азаренка имаше 21 винер и 31 неизнудена грешка, додека Стивенс имаше 14 директни поени и дури 42 неизнудени грешки. Финалниот меч во женска конкуренција на Ози опен ќе се одигра во сабота.

“Макфакс“