Студениот бран кој ја зафати земјава вечерва донесе врнежи од снег не само на планините, туку и во Охрид. Врнежите се со умерен интензитет и засега не е формирана снежна покривка. Темпeратурата ноќва падна под нулата, што не е невообичаено за променливиот март.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни, а дневните од среда ќе бележат постепен пораст, информираат од УХМР Македонија.
OhridNews












