Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Бобан Бабунски го соопшти составот за премиерниот квалификациски натпревар за ЕП 2013г. со селекцијата на Србија што ќе се одигра на 7-Октомври со поч. во 15ч. на Стадионот „ Борис Трајковски” во Скопје.


ГОЛМАНИ

1 Гачевски Филип 17/08/90  ФК Капфенберг- Австрија
2 Димитриевски Столе 25/12/93 Ф.К Работнички- Македонија

ОДБРАНА

3 Ристевски Кирче –  22/10/90 Ф.К.Билш -Албанија
4 Брдаревски Владица  – 07/02/90 ФК Работнички- Македонија
5 Мициновиќ Јасмин  – 22/10/90 Ф.К.Тироспол- Молдавија
6 Силјановски Горан  – 01/07/90 Ф.К Ренова – Македонија
7 Богдановиќ Горан –  09/06/90 Ф.К.Работнички -Македонија
8 Абдула Џелил  – 25/09/91 Ф.К Де Графшап -Холандија
9 Митревски Ристе –  05/10/91 Ф.К Тетекс -Македонија

СРЕДЕН РЕД
10 Спировски Стефан –  23/08/90 Ф.К.Борац -Чачак- Србија
11 Хусмани Зени  – 28/11/90 Ф.К.Шибеник -Хрватска
12 Станков Антонио –  19/02/91 Ф.К Осс- Холандија
13 Урдинов Јани  – 28/03/91 Ф.К.Работнички -Македонија
14 Таири Фљамур  – 24/11/90 Ф.К Теута- Албанија
15 Трајчевски Душан –  01/11/90 Ф.К Тетекс – Македонија
16 Ристовски Стефан  – 12/02/92 Ф.К Кротоне- Италија

НАПАД
17 Трајковски Александар –  05/09/92 Ф.К Цулте Варегем -Белгија
18 Алтипармаковски Маријан  – 18/07/91 Ф.К.Ксанти- Грција
19 Несторовски Илија  -12/03/90 Ф.К.ВИКТОРИА Жиж- Чешка.Р
20 Хасани Ферхан  – 18/06/90 Ф.К Шкендија- Македонија
21 Фазли Самир  – 22/04/91 Ф.К Хренвеен -Холандија

Собирот за репрезентацијата е предвиден за 03.10.2011 во хотел Континентал до 12:00 часот

– Против Србија не очекува тежок испит бидејќи се работи за квалитетна селекција која игра на високо техничко ниво. Натпреварот е важен за обете репрезентации и затоа ќе се подготвиме максимално за добар старт. Добро е што на располагање ги имаме сите планирани играчи и оние кои во меѓувреме дебитираа во сениорскиот тим па ќе можеме со квалитетен состав да ги стартуваме квалификациите. Реков нашите амбиции се високи и очекувам тоа да го потврдиме во овој циклус. Имаме модел на игра, играчите полека го осознаваат победничкиот менталитет , играат дисциплинирано и ние во стручниот штаб сме максимално свесни за предизвикот-изјави селекторот Бабунски.

Ohridnews