Баерн Минхен ја забележа деветтата победа во низа совладувајќи го третопласираниот Баер Леверкузен со 2-1. Марио Гомез ги доведе “баварците“ во предност, капитенот Симон Ролфс на 15 минути пред крајот го изедначи резулататот, додека трагичар беше одбранбениот фудбале Волшид кој во финишот на мечот ја затресе сопствената мрежа.

Резултати : Вердер – Гројтер 2-2, Хамбургер – Аугсбург 0-1, Борусија Д. – Фрајбург 5-1,  Хофенхајм – Мајнц 0-0, Нирнберг – Шалке 3-0.