Со желби за среќни празнични денови исполнети со духовен мир, задоволство и семејна радост, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески и претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, упатуваат заедничка честитка до верниците од исламската вероисповест по повод празникот Рамазан Бајрам:

–  Овој свет празник кој го слави духовното и телесно прочистување на нашите сограѓани од исламска вероисповед, нека биде повод за нив, како и сите луѓе со добра воља, да ги негуваат човечките и цивилизациски вредности, љубовта кон семејството и пријателите. Нашите честитки се проследени со надежта дека на верниците-муслимани, Алах ќе им ги прифати нивните рамазански пости и ибадети. Посакуваме овој Бајрам да мине во знакот на личното и семејно задоволство во домовите на нашите сограѓани муслимани, и да ја потврди  упатеноста на едни кон други во остварувањето на подобар живот, разбирање и меѓусебна почит меѓу граѓаните од нашата општина.

Рамазан-Бајрами мубарек олсун! – порачуваат градоначалникот Петрески и претседателот на Советот Јаковчески.

Ohridnews