По доаѓањето на новата локална власт долгот на општината е намален за 10 милиони денари, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Тој информира дека постојано се водат преговори со доверителите, пред се со оние  кои имаат извршни судски решенија, врз основ на кои дневно на општината и се пресметуваат околу 14000 евра затезна камата.  

Се водат постојани преговори со физичките и правни лица на кои им должи општината. Со најголемиот број од нив веќе се водени разговори, мал број од нив, околу осум се откажаа од преговори вероватно поучени од нивните адвокати дека по судски пат ќе си ги наплатат своите побарувања, рече Бакрачески.

Тој потенцира дека напорите на локалната самоуправа за намалување на долгот продолжуваат и во наредниот период.  

Т.К.