Во рамки на посетата на Република Чешка, градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорот од Македонија во Чешка , Паскал Стојчески, го посети познатото продукциско студио во Прага“ Тхре Бротхерс“ и се запозна со капацитетите и можностите на студиото за снимање.

 

Градоначалникот Бакрачески со претставници од тамошната локална власт и со менаџерскиот тим на студиото имаше плодни разговори околу продукцијата и снимањето на филмот посветен на Светите Климент и Наум. Доколку проектот добие зелено светло од македонското Министерство за култура, продукцијата и снимањето ќе бидат во ова чешко студио. Најавено е и дека локалната власт од Прага ќе даде сестрана помош и ќе се вклучи на секој можен начин во реализација на филмскиот проект посветен на Св. Наум и Св. Климент, следбениците на Кирил и Методиј кои твореле на охридско тло.

OhridNews