Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, вчера, во Скопје одржа прес конференција на која изнесе забелешки за тенденциозно известување во дел од медиумите за градот во летниот период, што според него негативно се одразува на туризмот. Тој побара коректно и избалансирано информирање, посочувајќи дека Охрид не бега од проблемите кои постојат во туристичката сфера, истовремено упатувајќи критика дека многу мал простор медиумите одвојуваат за афирмација на културните, природните, духовните и историските вредности на градот. Градоначалникот на Охрид истакна дека Охрид неосновано се критикува дека е скап град, додавајќи дека тој е поевтин 3-5 пати во однос на Грција, а медиумите пак му забележаа дека и тој таму одмарал летово. Издвојуваме дел од насловите во македонските медиуми по повод прес конференцијата на градоначалникот Бакрачески посветена на односот на јавните гласила кон Охрид.

OhridNews