Марио Балотели продолжува да ги тресе противничките мрежи носејќи го Милан во “Лига Шампиони зоната “. Балотели го постигна својот четврти гол во третиот настап на Милан, нешто што му успеало само на Оливер Бироф во сезоната 1998/99.

Милан до триумфот над Парма со 2-1 стигна со автоголот на Палета и голот на Балотели. Длабоко во судиското надополнување “млекарите“ го ублажија поразот преку Шансоне.

Милан во среда во Лигата на Шампиони на Сан Сиро ќе ја пречека Барселона.