Домаќините во водство стигнаа во последната минута од првото полувреме, а бод за “росонерите“ од гостувањето во Каљари донесе Балотели од пенал во 83-та минута.
По исклучувањето на Астори во последните минути од мечот голот од Каљари беше под опсада, но ударите на Кркиќ и Балотели ги скроти одличниот голман, Агаци.
Резултати : Каљари – Милан 1-1, Сампдорија – Рома 3-1, Парма – Џенова 0-0, Болоња – Сиена 1-1, Аталанта – Катанија 0-0, Палермо – Пескара 1-1, Удинезе – Торино 1-0, Интер – Киево 3-1.
Табела : Јувентус 55, Наполи 50, Лацио 44, Интер 43, Милан 41…