Новата супер ѕвезда на Милан, Марио Балотели поради настап за претходниот клуб во ЛШ, Манчестер Сити нема право да игра за “росонерите“. Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри одиграа фантастичен натпревар и ја совладаа Барселона со 2-0, а на голем удар се најде Меси, кој го одигра најслабиот натпревар во дресот на “блауграната“.

Расположен за шеги на сметка од Меси беше Балотели, кој на својот твитер профил напиша –  Јас не играв поради правилата на Уефа, но не ми е јасно зошто Меси не играше ??

“Супер Марио“ заедно со Рубињо ги забавуваа навивачите на Сан Сиро откако Бразилецот поради повреда го пропушти мечот со Барселона

Мх.П.