Марио Балотели ќе ги пропушти следните три натпревари за Милан. Дисциплинската комисија на италијанската федерација го казни Балотели поради напад на судијата Таљавенто, во тунелот по завршувањето на мечот со Фиорентина.

“Росонерите“ на “Артемио Франки“ прокоцкаа предност од два погодоци и ремизираа 2-2. Головите Фиорентина ги постигна од пенал, а Милан во финишот од мечот беше оштетен откако Таљавенто не додуси пенал.

Балотели реагирал бурно во тунелот, а судиите го пријавиле случајот. “Супер марио“ ќе ги пропушти натпреварите со Наполи, Јувентус и Катанија.

Мх.П.