Судиската организација на Серија А ги суспендираше судиите Паоло Таљавенто и Андреа Гервасони за слабите арбитражи во “калчо лигата“.

Таљавенто главен судија беше на мечот Фиорентина – Милан, кој помина во многу тензична атмосфера. “Росонерите“ прокоцкаа два погодоци предност, но на тоа кумуваше Таљавенто, кој досуди два пенали за “виолетовите“. Во финишот на средбата не виде играње со рака во казнетиот простор од Фиорентина, а пред тоа им го исклучи Томовиќ на средината од вториот дел.

По завршувањето на натпреварот Марио Балотели незадоволен од ремито со Фиорентина гневот го истурил врз судиите, а италијанската комисија го казни со три меча неиграње. После суспензијата на Таљавенто се покажа дека Балотели бил во право, но сега се е залудно откако мечот заврши без победник.

Втор судија кој ќе биде “ладање“ е делителот на правдата на Џузепе Меаца, Андреа Гервасони. Тој досуди непостоечки пенал за Аталанта, и му помогна да направат сензационале пресврт против Интер.

Мх.П.