Во наредните 5-10 десет години ќе се случат значителни промени на светскиот финансиски пазар кои во голема мера ќе влијаат на банкарскиот сектор кој ќе се соочи со силна конкуренција од таканаречените „фин-тек“ компании. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов укажува дека домашните банки исто така ќе бидат исправени пред голем предизвик, бидејќи на пазарот на финансиските плаќања влегуваат нови играчи.

-Тоа е нови компании, нефинансиски, кои ги спојуваат финасиите и новите IT технологии Во светот во последните неколку години се појавија многу такви играчи и се надевам дека и во Македонија тие ќе бидат се позастапени. Сметам дека иднината лежи во тоа, спојување на се што значи нова технологија. – изјави гувернерот Богов.

Ескпертите од банкарскиот сектор сметаат дека промените на финансискиот пазар ќе бидат многу динамични и непредвидливи, што ќе биде голем предизвик и за регулаторите, бидејќи новите трендови ги диктира пазарот, а не централните банки. 

-Новите технологии секогаш влијаеле врз банкарскиот систем. Овој сектор е подложен на иновации и промени затоа што е многу динамичен, но убеден сум дека банките ќе најдат начин како да се справат фин-тек компаниите и новите трендови. – изјави Клас Кнут од Централната банка на Холандија.

 

Иновациите и новите технологии во платежните услуги се една од главните теми на 10-та Конференција за платежни услуги што се одржува во Охрид во организација на НБРМ, и централните банки на Холандија и Португалија.

Г.М.