Голеадата на “Алијанц арената“ ја најави Арјен Робен во 25-та минута. Четири минути подоцна Хави Мартинез зголеми на 2-0, а со автоголот на Селасие Баерн до крајот на полувремето водеше 3-0.
Резервениот напаѓач на “баварците“ Марио Гомез во 52-та минута го постигнаа четвриот погодок, Рибери петтиот, а “тениската“ победа ја комплетираше Гомез со вториот гол на средбата. Почесниот погодок за гостите го постигна Бруне.
Резултати : Баерн Минхен – Вердер Бремен 6-1, Аугзбург – Хофенхајм 2-1, Хановер – Хамбургер 5-1, Мајнц – Волфзбург 1-1, Штутгарт – Нирнберг 1-1, Шалке – Фортуна.
Табела : Баерн Минхен 60, Борусија Дортмунд 42, Леверкузен 41, Ајнтрахт 38…