Лидерот во Бундес лигата, Баерн Минхен забележа минимална победа 1-0 над Хофенхајм. “Баварците“ на гостински терен ја остварија десеттата победа на единаесеттиот натпревар сезонава што преставува нов рекорд во Германија.


Погодокот за победа и поставување на нов рекорд го постигна Марио Гомез во првиот дел од натпреварот.

Екипата на Мајнц во која настапува Македонецот, Николче Новески со еден освоен бод се враќа од гостувањето кај Фортуна Дизелдорф ремизирајќи 1-1.

Табела : Баерн Минхен 63, Борусија Дортмунд 46, Леверкузен 45, Ајнтрахт 38, Фрајбург 36…

Мх.П.