Баерн Минхен со победа над Борусија Менхенгладбах 3-1 тргна во одбрана на титулата во Бундес Лигата освоена минатата сезона.

Избраниците на Пеп Гвардиола голем дел за трите бодови завршија во првиот дел кога Робен и Манџукиќ ја затресија мрежата. Со автоголот на Данте Менхенгладбах успеа да се врати резултатски, но крај на сите надежи за поволен исход стаде Алаба од пенал.

В сабота ќе се одиграа преостантите натпревари од првата рунда : Аугзбург – Дортмунд, Леверкузен – Фрајбург, Хановер – Волфзбург, Херта – Ајнтрахт, Хофенхајм – Нирнберг, Брауншвајг – Вердер.