Од денеска (18 јули) до недела (21 јули), втора година по ред на плажата Оревче ќе се одржи „Beach film festival“. На фестивалот ќе бидат прикажани краткометражни и долгометражни филмови и стутедентски филмови кои ќе бидат надвор од конкуренција, а новитет ќе биде проекцијата на филмови на бродот Галеб.

  • Филмскиот фестивал започнува вечерва во 21 часот а ќе трае до 21 јули. За оваа година имаме подготвено седум долгометражни и 20 краткометражни филмови во официјална селекција како и дузина студентски филмови. За разлика од минатата година кога прв пат се одржа фестивалот ќе имаме четири проекции на брод кој ќе плови на Охридското Езеро. – изјави актерот Томи Станковски, кој ќе биде водител на фестивалот.

Како дел од „Beach film festival“ ќе се одржи панел дискусија на темата „Жена е жена“ и ќе учествуваат Дина Јорданова професор по светска кинематографија во Шкотска, актерките Јудита Франковиќ Брдар и Сања Дракулиќ.

Во Охрид доаѓам со две функции и многу се радувам. Една задача ми е да бидам дел од жирото, додека втората ми е да бидам учесник на панел дискусијата. Секогаш сум почестена кога луѓето ќе ми пружат шанса да говорам за моите искуства. Никогаш не се подготвувам и се мислам што ќе кажам, но кога ќе почнам да размислувам тогаш ми доаѓаат мислите и сакам да зборувам за актуелни теми. Имав прилика да гледам некои од филмовите кои ќе бидат дел од фестивалот и можам да кажам дека ми се допаѓаат, бидејќи имаат различни теми од нашето секојдневние. – рече хрватската актерка Франковиќ Брдар.

Директорката на фестивалот Ана Опачиќ го презентираше жирото за долгометражните и краткометражните филмови. Хрватската актерка Франковиќ Брдар дел од жирито ќе биде со македонскиот актер Никола Ристаноски и директорот на фотографија Џон Крејн. Во жирито за кратки филмови се Билјана Драгичевиќ Пројкоска, Јасмина Билаловиќ и режисерот Иван Јовиќ.

Наградата за актерско остварување ќе го носи името на Професиорот Стефан Сидовски-Сидо кој почина оваа година. Тој бил голем вљубеник во филмот а во негова чест ќе биде емитувано последното него дело Опатија.

Официјално програмата започнува вечерва, а синоќа беа изведени првите филмови.

 

OhridNews