Бедемот на Македонија го издржа првото полувреме во Палермо
24.03.22 21:43
Нема голови по првите 45 минути на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар помеѓу Италија и Македонија, што се игра вечерва во Палермо.
Домаќинот има повеќе од играта и посед на топката, изведе и 9 удари од аголот, но мрежата на Столе Димитриески остана недопрена. Македонија борбено и организирано се брани, а неколкуте грешки во одбраната останаа неказнети од „аѕурите“.
Македонија во два наврати се закануваше преку контра напад и еднаш по грешка на италијанската одбрана, но без поголем успех.
Македонија на натпреварот има поддршка од околу 1500 навивачи.
Независноста на уставните судови, почитувањето на нивните одлуки и довербата во институциите се во фокусот на меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на у...
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на Tino’s Bowling – новата забавно-рекреативна приказна во Охрид, исполнета со музика, пози...