Прогласувањето на вонредната состојба во земјата за спречување на ширењето на коронавирусот, што ја прогласи вечерва претседателот на државата, има единствено за цел да и се овозможи на владата непречено да ги носи сите потребни одлуки за справување со ситуацијата, дотолку повеќе што во моментов највисокиот законодавен дом, Собранието, е распуштено и не може да се состане. Ова вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма го изјави министерoт за економија Крешник Бектеши.
- Оваа одлука всушност ќе и овозможи на Владата да носи акти кои ќе се во ранг на закони, со што ќе се забрза носењето на значајни одлуки со што ќе се олесно делувањето на институциите. – појасни Бектеши.

Бектеши појасни дека граничните премини во земјата се затворени само за движење на луѓето, но не и за стоки и дека непречено се одвива знабдувањето.
Министерот за економија истакна дека во моментов еден од најпогодените сектори е туристичко-угостителскиот сектор и транспортот и дека се прават анализи по што, ќе бидат преземени конкретни мерки за поддршка на овој дел од бизнисот.
OhridNews











