Cuba Libre beach&bar

2018-07-12 22:00 - 2018-07-13 01:00

На плажата “Куба Либре“, на 12 јули, настапува бендот „Есте Мундо“.

Забавата почнува во 22 часот.

Фронтмен на бендот е Марјан Нешковски од Куманово, кој дипломирал на музичкиот конзерварториум во Бугарија, отсек класична гитара кај познатиот професор Димитар Дојчинов.

Со гитарата за прв пат се сретнува на четиригодишна возраст. Членува во кумановската група Дионис со која во 1992 и 93 година освојуваат прво место на Гитаријада. Подоцна ја напушта групата и се посветува на фламенко музиката. Заедно со татко му, исто така фламенко музичар, учествуваат на повеќе меѓународни културни средби и настапуваат на концерти во земјава и надвор од неа.

На покана на познатиот кантавтор од Србија Ѓорѓе Балашевиќ, учествува на неговата турнеа во 1994 година, а и гостува и на познатата рок група од Србија Ван Гог.

Од 2003 година живее и работи на Малта каде формира свој бенд под име „Есте Мундо“, со кој настапува во најелитните места на Малта, како и во Австрија, Германија, Холандија и Италија.