Топ Шоп, бренд со 30-годишно присуство на македонскиот пазар, ја проширува својата продажна мрежа со отворање на 21-та продавница во Македонија, на нова локација во Охрид. На 14 ноември, со почеток во 12:00 часот, во трговскиот центар Охрид Мол ќе се одржи свечено отворање на новата продавница, проследено со подароци, изненадувања и забавна програма за целото семејство.

Централен момент на настанот ќе биде пуштањето на 300 балони со 300 подароци и вредносни ваучери. Со ова Топ Шоп ќе го одбележи отворањето на новата локација и ќе им се заблагодари на посетителите за долгогодишната доверба.

Нова локација за омилените брендови
Новата продавница на Топ Шоп во Охрид Мол ќе се наоѓа на ниво -1, пред влезот на СПАР, и ќе понуди широк избор на производи од препознатливите брендови Dormeo, Delimano и Rovus. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со производи за спиење и удобност, современи кујнски апарати, садови за готвење и практични решенија за одржување на домот.
Со три децении искуство и доверба од потрошувачите, Топ Шоп продолжува да ја развива својата малопродажна мрежа. Отворањето на 21-та продавница во Македонија претставува уште еден чекор во заложбата за поголема достапност на производите и подобро искуство при купувањето.

Топ Шоп ги поканува сите Охриѓани и посетители на градот да присуствуваат на отворањето и да бидат дел од овој спектакл.
OhridNews/PR











