– Ќе го напуштам клубот по завршувањето на сезоната, а може и побрзо – ова беа првите зборови на повремениот менаџер на “сините“, Рафа Бенитез по пласманот во 1/4 финалето во ФА купот.

Навивачите на актуелниот европски првак Челси од доаѓањето на Шпанецот во тимот најавија дека ќе го бојкотираат. Пред секој натпревар му свират поради изјавите во минатото кога Бенитез беше на клупата на Ливерпул и го бараат менаџерот Роберто ди Матео, кој ги одведе на врвот од Европа.

– Тие не ни помогаат туку напротив ги мотивираат противниците да играат далеку подобро против нас. Тие ја нарушуваат сликата и атмосферата на клубот. Ова е катастрофа
– рече Бенитез.

“Сините“ сезонава доживеаја тотално фијаско, по минатата во која се закитија со златниот медал од Лигата на Шампиони и ФА купот.

Мх.П.