Од овој месец, Црвен крст Охрид и Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, започнуваат заедничка, партнерска соработка наменета за социјално загрозените лица.

Имено, секој месец во текот на една година, од страна на Црвениот крст ќе се врши избор на 10 социјално загрозени лица, кои ќе добијат бесплатен стоматолошки третман во ординацијата Д-р Баткоски.


– Не случајно оваа соработка ја започнуваме и промовираме на почетокот на одржувањето на утрешната хуманитарна, спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, со цел да ги охрабриме и поттикнеме нашите сограѓани, стопанственици, бизнисмени да насочат дел од своите мисли и проекции кон исполнување на својата општествена одговорност, велат од општинскиот Црвен крст.

Д-р Небојша Баткоски, истакна дека Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, апетката „Виа Фарм“ и солената соба „Виа сол“, кои работат во склоп на здравствениот коплекс „Св. Ѓорѓија“ со вклучување во претстојниот хуманитарен хепенинг, почнуваат поблиска соработка со Црвениот крст со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани, што ќе се реалзира преку заеднички проекти.

OhridNews