Средбата на министерот за образование Арбер Адеми со претставници на Синдикатот за образование заврши без резултат. Од министерството за образование остануваат на ставот,  од април платите во образованието да се зголемат за 10%.

И од СОНК не отстапуваат од барањата-да има поголемо покачување на платите и тоа од јануари, а не од април.Во спротивно ќе се одржи најавениот генерален штрајк.

Преговорите помеѓу СОНК и министерството за образование продолжуваат.

OhridNews