Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 8- ми август, од 10 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Велмеј, Белчишта, Песочан, Ново Село, Ботун, Грко, Лешани, општина Дебрца, Горно Средоречје и Злести.

Исто така, прекин на струја ќе има и во дел до селото Велгошти, во периодот од 11:30 до 12:00 часот.

Од ЕВН информираат дека прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето.

OhridNews