Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески утре – четврток, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Годинава се одбележуваат 80 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка за деца на македонски јазик „Македонче“ чиј автор е токму Николески. Издавач е Државното книгоиздателство на Македонија во 1946 година а печатена е во првата официјална македонска печатница „Гоце Делчев“ во Скопје. Насловната страница на книгата и цртежите во боја се дело на уметникот Василије Поповиќ – Цицо. Збирката песни за деца „Македонче“ од Ванчо Николески е официјално првата дигитализирана книга во новото одделение за дигитализација на Библиотеката од Охрид, посочуваат.
Учениците од Лескоец, додаваат, утре ќе ја слушнат аудио адаптацијата на поемата за деца „Мице“ од Ванчо Николески.
OhridNews












