Во организација на НУУБ „Свети Климент Охридски” – Битола се одржа Втората меѓународна конференција на тема „Библиотекарот денес: професија во трансформација”.Конференцијата обедини библиотечни професионалци, истражувачи и експерти од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија и Република Српска, кои преку своите трудови и дискусии отворија значајни прашања за библиотекарската професија во дигиталната ера.

Во трудот се нагласува дека Охрид, како значаен културно-историски центар со богато духовно и образовно наследство, постојано привлекува истражувачи и посетители, а во тој богат културен мозаик, библиотеката „Григор Прличев” има значајно место како културно-образовен центар и чувар на знаењето. Особено внимание е посветено на современиот библиотекар, кој денес не е само посредник помеѓу книгата и читателот, туку и едукатор и претставник на културниот идентитет на градот и државата. Оваа улога е особено значајна во Охрид, каде библиотеката ја посетуваат корисници од различни средини и земји, при што библиотекарот често пати претставува прва точка на контакт со странските корисници, велат во соопштението до Библиотеката.
OhridNews












