Директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Христина Трпеска на покана од Регионалниот форум на хортикултурните библиотеки од Република Србија од 19 до 21 мај e почесен гостин и ќе учествува на 9. „Фестивал на полското цвеќе“ кој на Златибор го организира Библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ“.

Предвидено е двете библиотеки и фестивалот денеска да потпишат заеднички протокол за соработка на полето на хортикултурните библиотеки и туризмот меѓу Златибор и Охрид, информираат од Библиотеката.

Директорката Трпеска посочуваат дека учествувала и во работата на Стручниот семинар „Дигиталните ресурси и јавните библиотеки“ со презентација на работата на охридската Библиотека и проектите кои ги спроведува со акцент на дигитализацијата како процес.

OhridNews