Младите рапери Марио-Змејко и Срџан-Багзи од Охрид деновиве го промовираа видео записот за нивната заедничка песна која што е насловена „Биди внимателен“.

Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, а со овој интересен проект, двајцата музичари испраќаат порака до луѓето, како што велат, секој еден човек да внимава на неговите постапки во животот.

Песната и видеото се снимени и изработени во студиоto “MeckaWarriorProduction” во Охрид, на познатиот рапер Наум Долоски-Мече.

Песната „Биди внимателен“ е само еден почеток на она што допрва ќе следува од нив, а тоа се секако уште бројни заеднички проекти, велат Змејко и Багзи.

Во продолжение погледнете го нивното видео:

„Биди внимателен“, нова песна и спот на охридските рапери Змејко и Багзи

OhridNews