На 06.09.2026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06.09.2026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата „Св.Никола“ во охридското село Велгошти, од каде се одземени пари и други предмети.

Се работи на пронаоѓање на сторителот и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 06.09.2026 во 16:05 часот, 72-годишно лице од Полска, управувајќи четирицикл на земјен некатегоризиран пат во близина на охридското село Куратица, изгубил контрола и паднал.

Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На 06.09.2026 во 16:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице агресивно се оденсувало кон неговата сопруга и физички ја нападнало.

Лицето претходно имало судско решение за забрана за вршење семејно насилство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Теферич лишија од слобода 35)ж-годишно лице од с. Велешта, постапувајќи по претходна пријава дека бил агресивен кон членови на неговото семејство.

По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2026 во 20:40 часот, во близина на спортска сала во Струга, приведени се 26-годишно лице од струшкото село Враништа и 25-годишен црногорски државјанин.

Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој, во лифт од зграда физички нападнал 40-годишно лице, двајцата од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews