Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека во продажба се билетите за квалификацискиот натпревар против Словачка кој македонската репрезентација ќе го игра на 11. октомври од 19:45 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје. Тие можат да се набават за цена од 100 денари за Источната и Западната трибина и 200 денари за „Север“ и „Југ“.


Од ФФМ информираа дека на 11 октомври во скопската населба Аеродром официјално ќе биде поставен камен-темелникот на новата „Куќа на фудбалот“ во чиј комплекс во завршна фаза е изградбата и на четирите терени, две со вештачка и две со природна трева. Наскоро ќе почне и изградбата на мини стадионот со капацитет од 3.000 седишта.

Ohridnews