На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 36-годишно лице од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување.
При извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 05.04.2026 околу 12:50 часот во СВР Охрид од страна на вработена во продавница во Охрид е пријавено дека малолетник украл производи.
Од страна на полициски службеници од ПС Охрид излезено е на лице место, каде е затекнат сторителот, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













