На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 16.06.2026 во 23:10 часот во СВР Охрид, 37-годишно лице од селото Пештани, охридско, пријавило дека околу 21:50 часот во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и лице од Пештани, охридско, сопственик на објектот.

Во објектот биле физички нападнати и неговата сопруга и неговата ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews