Синоќа во 22:03 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридската населба „Елешец“, 40-годишна скопјанкабила нападната и касната од куче домашен миленик.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас од слобода лишиле 45-годишно лице од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сестра.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews











