На 10.03.2023 година во 15,20 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведен е 50-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебарца. При преглед во автомобил со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Исто така вчера, во 12,40 часот, полициски службеници од ОВР Струга, во неговиот дом во струшкото село Делогожда, привеле 26-годишен жител на селото. Приведувањето е извршено врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор од три месеци.

Ден претходно во ОВР Струга пријавено е дека 20-годишно лице од Прилеп, физички били нападнато стружанец. Против напаѓачотследи пријава, стои во полицискиот билтен.

OhridNews