Вчера во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило Фолксваген „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 38-годишно лице од истото село и мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Охрид.
Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, при што кај возачот на автомобилот, утврдени се 1,20 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 18.07.2026 во 22:10 часот, на улицата „АСНОМ“ во Охрид, од слобода бил лишен 29-годишен жител на Охрид.
При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Рано утрово во 04:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале две лица од Охрид на возраст од 39 и 30 години и 42-годишно лице од Скопје.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2026 во 23:45 часот, во струшко село, од слобода е лишен 55-годишен маж, по претходна пријава дека бил агресивен кон член на неговото семејство.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2026 во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, лишен од слобода бил 45-годишен жител на Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода.
При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“, соопшти портпаролот Димоски.
Синоќа во 23:40 часот, во струшко село приведен бил 62-годишен жител, кој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews














