На 06.07.2026 во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишно лице од Прилеп, кој претходно на магистралниот пат Охрид- Ресен кај „Прентов мост“, управувајќи патнички автомобил „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По извршен увид и извршено алкотестирање, кај него се утврдени 1,65 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 06.07.2026 во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 Корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 66-годишно лице и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 71-годишно лице, двајцата од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобило 66-годишното лице констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

На 06.07.2026 во 21:12 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 74-годишно лице удрил во 84-годишен пешак, двајцата од Охрид.

При тоа, пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

На 06.07.2026 во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар во штала во струшкото село Шум, сопственост на 66-годишно лице, од селото Радолишта.

Повредени лица нема, а Територијалната противпожарна единица од Струга го изгасила огнот. Увид на местото извршија полициски екипи, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews