На 27.10.2026 на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници лишија од слобода 27 и 26-годишни лица, двете од Перу.
При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на едната жена биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на другата било пронајдено едно пакување со марихуана. Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал. По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












