Зимскиот распоред на летови од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид почна на 25 октомври 2026 година и ќе трае до 27 март 2027 година.

Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во текот на зимската сезона 2026/2027 година, патниците ќе можат да летаат до 4 дестинации со 3 авиокомпании.

Зимски распоред на летови за 2026/27 од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид:

Дестинации и авиокомпании:

Цирих – Edelweiss и Chair Airlines,

Дортмунд, Мулуз, Мемингем – Wizz Air

Во периодот од 1 јануари до 25 октомври 2026 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, опслужиле вкупно 3.651.073 патници, што претставува зголемување од 28% во споредба со истиот период минатата година.

Во истиот период биле реализирани 24.232 летови, што е пораст од 10% во споредба со истиот период во 2025 година.

Позитивниот тренд продолжил и во октомври. Во периодот од 1 до 25 октомври 2026 година, двата аеродрома опслужиле 321.953 патници, односно 24% повеќе во споредба со истиот период лани, а биле реализирани 2.085 летови, односно 9% повеќе во споредба со периодот од 1 до 25 октомври 2025 година.

Според генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, континуираниот пораст на патничкиот сообраќај и развојот на воздушната поврзаност се важни показатели за потенцијалот на македонскиот пазар, додека компанијата продолжува да работи на проширување на мрежата на дестинации и привлекување нови авиопревозници.

OhridNews