На 26.05.2026 во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со кокаин, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews