На 20.07.2026 во 20:36 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, 41-годишно лице од Украина физички нападнал 76-годишна жена од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 35 и 46-годишни лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице“ и „помагање во врска со напад на службено лице“.

На 10.07.2026 во Струга, првопријавениот физички нападнал полициски службеник од Регионалниот центар „Запад“, а му помогнал второпријавениот.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

Тој го сторил делото на 25.05.2026 на крајбрежје од Охридското езеро во близина на реката Црн Дрим во Струга, каде е затекнат како во време на изречена забрана за риболов со риболовен алат – канџа врши лов на риба. При преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа уловена риба крап и друг риболовен алат, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews