Два случаи на физички напади и агресивно однесување пријавени во СВР Охрид.
На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 34-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2026 во 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал охриѓанка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2026 во 05:10 часот на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 21-годишно лице од Полска кое претходно, во угостителски објект под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











