На 23.05.2026 во 01:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 36-годишно лице од с.Велгошти, охридско и 28-годишно лице од с.Косел, охридско.
Тие околу 01:00 часот пред угостителски објект во Охрид физички нападнале 23-годишно лице од с.Лескоец, охридско, 21-годишно лице од Охрид и 22-годишно лице од Охрид, при што употребиле тврди и остри предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 22.05.2026 во 15:00 часот во СВР Охрид, 38-годишно лице од Охрид пријави дека на 21.05.2026 околу 12:00 часот на бул.„Македонски Просветители“ во Охрид, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од нејзиното поранешно момче од Ресен, со престој во Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 околу 19:30 часот во Полициската станица Охрид е извршен службен разговор со 37-годишно лице од Охрид.
Тој бил пријавен дека телефонски ја вознемирувал неговата поќерка и дека претходно, додека живеел заедно со неа и нејзината мајка, полово ја вознемирувал и допирал по телото во присуство на нејзината мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













