На 21.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 19-годишно лице с.Лешани, општина Дебрца.
При претрес во домот, и помошни простории кои ги користел, извршен со наредба од Основен суд Охрид, било пронајдено и одземено стебло од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 13.05.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













